СветСветот на работникот

Иако во сезона можат да се заработат и до 3,000 евра, Црна Гора мака мачи со недостигот од работници

Црна Гора влегува во туристичката сезона со изразен недостиг на работна сила, поради што стопанствениците посегнуваат по увоз на работна сила од далечните земји, бидејќи интересот кај работниците од регионот опаѓа. Како главни причини се наведуваат неповолните услови за работа и конкуренцијата од други туристички дестинации, пред се’ Хрватска.

Податоците покажуваат ниска стапка на невработеност, но и понатаму голем е бројот на пријавени невработени и илјадници отворени работни места во текот на годината, особено во сезона. Се организираат и саеми за вработување за да се поврзат работодавачите и барателите на работа, но интересот и понатаму не ги покрива потребите на пазарот.

Деловниот амбиент останал непроменет, покажува истражувањето на Стопанската комора. Предизвиците и понатаму се исти – неефикасна јавна администрација, високи фискални давачки, неадекватна инфраструктура. Сепак, од вкупно пет, стопанствениците препознале два клучни – недостиг на работна сила и сива економија. Стапката на невработеност е на рекордно ниво од 8,85 %.

Побарувачката расте, дневниците растат, а работници се’ помалку.

Милош Турински од Инфостуд објаснува дека тој е парадокс, кој Црна Гора го доживува пред секоја сезона, всушност е структурен проблем кој со години се продлабочува.

„Туризмот расте, потребата расте, но базенот на достапни работници не го следат тој ритам. Една од клучните причини е конкуренцијата која на Црна Гора и’ ја прават дестинации како Хрватска и земјите од Западна Европа. Српските работници, кои традиционално биле занчајна потпора на црногорскиот туризам, денес избираат помеѓу повеќе понуди. Хрватска планира да пополни околу 70,000 работни места во туризмот оваа сезона. Црна Гора проценува потреба од околу 25,000 работници. Тоа се големи бројки, а исти работници бараат сите“, рекол тој за Бизпортал.

Според него, втората причина е системски недистиг на квалификувана работна сила во угостителството.

„Податоците на Инфостуд платформата покажуваат дека бројот на пријави е помал токму за стручните позиции, готвачи, скара мајстори, пица мајстори, слаткари, што значи дека ги нема доволно на пазарот, а не само дека не сакаат да работат во Црна Гора“, навел Турински.

Нагласил дека целиот регион се натпреварува за исти кадри.

„Угостителството е категорија со најниска просечна плата – податоците на Инфостуд платофрмата покажуваат просек од околу 76,700 динари во Србија, што е на дното на скалата. Кога тоа ќе се спореди со заработките за време на сезона во Црна Гора или Хрватска, келнерите помеѓу 1,200 и 1,600 евра, готвачите од 1,800 до 2,500 евра, шефовите на кујни и до 3,000 евра, разликата е толку голема што одлуката на работникот станува логична, не емоционална“, рекол тој.

Турински објаснил дека Црна Гора губи работници, бидејќи се бори со две работи истовремено: растот на сопствените туристички капацитети и падот на атрактивност за работниците од опкражувањето.

„Србија која со години била главен извор на сезонска работна сила, сама поминува низ интензивен одлив кон Западна Европа. Германија, Австрија, Скандинавија, бидејќи таму платите се 2-3 пати поголеми отколку на Јадранот. Значи, Црна Гора не ги изгубила тие работници директно, ги изгубила посредно, бидејќи тие отидоа чекор понатаму“, истакнал Турински.

Укажал и на друг фактор – условите за работа.

„Сезонската работа во туризмот подразбира интензивно темпо, долги смени и малку слободно време. Кога на тоа ќе се додаде несигурноста околу сместувањето или неусогласеноста помеѓу ветеното и реалното – искуството останува еднократно, а приказните брзо се шират“, рекол тој.

А, како целокупната ситуација влијае на црногорскиот туризам, вели директно и видливо.

„Недистгот на работна сила ја намалува можноста од проширување на капцитетите, но влијае и на квалитетот на услугата. Туристичката сезона е кратка, а секој угостител знае дека јануари е премногу доцна за да почнеш да бараш говач за јули. Кога пополнувањето на работните места трае подолго отколку што би требало, трпи и стандардот кој туристите го доживуваат. А, лошите искуства денес ги споделуваат во реално време“, рекол Турински.

Наведувајќи ги причините поради кои дошло до голема флуктуација на работниците во угостителството, објаснсува дека сезонското работење е вградено во природата на работата, но флуктуацијата во црногорското угостителство го преминува она што е „нормално“ за сезона.

„Причината е комбинација: плати кои не го следат растот на побарувачката, услови кои не секогаш се онакви какви што се ветени, и се’ поголемиот избор кој работниците го имаат. Оној кој еднаш доживее неусогласеност помеѓу ветеното и реалност, следната година се обидува на друго место. Лојалноста во угостителството се гради пополека, а се губи брзо“, наведува тој.

Зборувајќи за најбараните и најплатените сезонски работи, Турински наведува дека, според податоците на Инфостуд платформата, во туристичкиот сектор побарувачката е најинтензивна за келнерите, готвачите, собарките и рецепционерите.

„Помал одзив бележат поквалификуваните позиции, готвачите, скара мајсторите, слаткарите, што е парадокс, бидејќи тие позиции се подобро платени. Шеф на кујна во сезона може да заработи до 3,000 евра, пица мајстор до 2,500, а помошен работник во кујна стигнува и до 900 евра. Разликата е огромна, но кадри за горниот дел на скалата нема доволно“, посочил Турински.

Извор: Bizportal.rs