За се’ крив Ејпл? Варта укинува 350 работни места
Германската „Варта“ ќе намали 350 работни места и ќе го прекине производството на мали, округли батерии во Нердлинген поради губење на својот најважен купувач, потврдил портпаролот на компанијата.
Договорот со најважниот клиент, кој Варта не го именувала, истекува на крајот на октомври. Според пишувањата на гераманскиот деловен весник Handelsblat, станува збор за американскиот технолошки гигант Ејпл.
Губењето на важниот купувач ќе ја чини компанијата околу 350 работни места во фабриката во Нердлинген и во седиштето на компанија во блискиот Елаванген.
Фабриката на Варта во Нердлинген произведува исклучиво батерии CoinPower за AirPods слушалки. Американската компанија во иднина ќе ги набавува од кинески добавувач, рекол неименуван извор.

