Компанија од Македонија меѓу 100-те најголеми во Југоисточна Европа
„Џонсон Мети“, која со приходи од над 1,8 милијарди евра го зазема 42. место меѓу најголемите компании во регионот
На листата на 100-те најголеми компании во Југоисточна Европа, според најновото рангирање SEE TOP 100 на регионалниот економски медиум SeeNews се најде само една компанија од Македонија, објави „Фактор“
Станува збор за „Џонсон Мети“, која со приходи од над 1,8 милијарди евра го зазема 42. место меѓу најголемите компании во регионот.
Според извештајот, „Џонсон Мети“ во 2025 година остварила вкупни приходи од 1,82 милијарди евра, додека во 2024 година тие изнесувале 1,92 милијарди евра. Компанијата во претходното рангирање се наоѓала на 32. позиција.
Истовремено, нејзината нето-добивка пораснала од 63,3 на 73,2 милиони евра, односно за околу 15,6 отсто.
„Џонсон Мети“ е убедливо најголемата компанија во Македонија . На второто место се наоѓа „Окта“ додека третопласиран е „Макпетрол“ .
Разликата меѓу првопласираната компанија и останатите е значителна: Приходите на „Џонсон Мети“ се речиси трипати повисоки од оние на „Окта“, а компанијата остварува поголем промет од второрангираната и третопласираната заедно, пишува порталот.

