Кратки корпоративни хорор приказни: Осум реченици од кои на вработените им се смрзнува крвта
Постојат хорор филмови, постојат приказни за спиење, а постои и обичен работен ден во корпорација. Нема духови, чудовишта ниту мрачни подруми. Доволно е да стигне порака од шефот, да заѕвони телефон или на екранот да се појави повик за состанок.
Секој кој некогаш работел во канцеларија знае дека некои реченици звучат сосема безопасно, но предизвикуваат моментална анксиозност. Во продолжние еве мал водич низ корпоративните хорори кои не морате да ги гледате на Нетфликс. Доволно е само да го отворите мејлот.
1. „Може ли брз повик?“
Секако. Само да дознаам зошто, колку трае и дали треба да се простам од остатокот од денот. „Брз“, инаку, е релативен поим. Во корпоративниот речник може да значи се’ од три минути до еден час.
2. „Стави ме во CC“
Навидум едноставно барање, кое често означува почеток на нова фаза во животот на еден меил. Од тој момент повеќе не е важно само дали задачата е завршена, туку кој се’ е запознаен со нејзиниот тек, кој одговорил и кој е случајно изоставен од преписката. Една реченица и уште еден примател – а одговорноста всушност добила нова димензија.
3. „Вклучете ги камерите“
До тој момент состанокот бил само разговор. Сега постојат и визуелни презентации на работниот ден. Одеднаш се важни осветлувањето, позадината, изразот на лицето и фактот дали на екранот се гледа доволно професионална верзија од нас самите. Не е доволно да се биде присутен – потребно е да се изгледа присутно.
4. „HR сака да зборува со тебе“
Ретко која реченица успева да покрене толку различни сценарија, а притоа да не пружи ниту една конкретна информација. Дали станува збор за нова прилика, организациска промена, повратна информација или нешто сосема друго? До состанокот вработениот обично стигнува со неколку можни објаснувања, од кои ниедено не го добил од HR.
5. „Микрофонот ти остана вклучен“
Една од оние ситуации во кои најважно прашање е што е изговорено пред некој да забележи дека микрофонот не е исклучен. Во дигиталното работно опкружување границата помеѓу она што им го зборуваме на соговoрниците и она што го коментираме надвор од состанокот понекогаш е тенка и едно копче на екранот.
6. „Кој го одобри ова?“
Прашање кое ја менува атмосферата во просторијата побрзо од кој било одговор што може да ја поправи. Не е повеќе важно што е направено, туку и по кој пат одлуката поминала, кој учествувал во неа и дали постои мејл кој потврдува дали се’ било токму како што сега се чини.
7. „Само мала измена“
Во креативни и проектни тимови оваа реченица има речиси посебен статус. Може да значи замена на еден збор, но и промена на концептот кој веќе поминал неколку круга на одобрување. Проблемот не е во самата измена, туку во тоа што нејзината величина најчесто се проценува пред да почне да се работи.
8. „Можеме ли ова офлајн?“
Кога темата која е започната пред сите одеднаш се сели во разговор насамо, природно е да се запраша што останало неизговорено. Понекогаш тоа е само попрактичен начин нешто да се разјасни, а понекогаш сигнал дека наредниот дел од разговорот нема да биде за записник, групен чет или за ушите на остатокот на тимот.
Бонус хорор: „Имам уште едно прашање.“ Изговорено во 16:58, во петок. Бидејќи ниеден корпоративен хорор не е целосен без продолжување на работното време.
Извор: BIZLife.rs

