КСС беше дел од конференцијата организирана од Европскиот економско – социјален комитет
На 12.03.2026 година во Europe House во Скопје се одржа конференција организирана од Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК) и неговиот Комитет за следење на Западен Балкан, посветена на улогата на организираното граѓанско општество во процесот на пристапување кон Европската Унија.
Конференцијата опфати повеќе аспекти, при што фокусот беше ставен на следните теми:
Улогата на организираното граѓанско општество во преговорите за пристапување во ЕУ и во спроведувањето на Реформската агенда;
Состојбата на социјалниот дијалог и бизнис заедницата во Македонија;
Овозможување на граѓански простор, слободата на медиумите и напорите за борба против дезинформациите во Македонија.
Во рамки на панелот „Состојбата на социјалниот дијалог во Македонија“, свое обраќање имаше Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, кој во своето излагање ја истакна важноста од унапредување на социјалниот дијалог, почитување на работничките права и активна вклученост на синдикатите во креирањето политики поврзани со трудот и економскиот развој.
На конференцијата учествуваа претставници на Владата, Делегацијата на Европската Унија, социјалните партнери и граѓанските организации од Македонија.

