Македонија

Microsoft сертифицирање на наставниот кадар во општина Карпош

Microsoft сертифицирање- Работник
38views

Утре, 15.01.2020 година (среда), од 11:00 часот, во просториите на Цертиадриа ( бул. Јане Сандански бр. 71 А, Капитол Мол- Резиденс) , ќе се одржи настан за успешното Microsoft сертифицирање на наставниот кадар во Општина Карпош.

На настанот ќе се обратат градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и оперативниот директор на Certi Adria, Марко Серафимовски.

Microsoft сертифицирањето овозможува развивање на дигиталните вештини кај наставниците и учениците, поголема конкурентност на наставниот кадар при аплицирање за проекти и организирање на поинтересна настава.

Извор: Општина Карпош