Миленијалец кој пораснал во деведестите вели дека бејби бумерите не разбираат дека „работиме три пати повеќе за третина од она што го имале во наши години“
За многу миленијалци денешната економија сѐ повеќе личи на игра со музички столици во која постарите генерации веќе ги зазеле местата, ги рефинансирале кредиттите со камата од 3 % и сега на младите им порачуваат дека „треба само подобро да го планираат буџетот“.
Американскиот сон, кој некогаш подразбирал сигурна работа, куќа и стабилен живот во средната класа, за многу млади Американци денес делува како недостижна цел.
Токму таа фрустрација започнала голема расправа на Reddit форумот r/economy, каде еден миленијалец напишал порака која предизвикала илјадници реакции.
„Работиме три пати повеќе за третина од она што го имале“
„Јас сум миленијалец кој растеше во деведестите и она што генерацијата на бејби бумери не го разбира е дека работиме три пати повеќе за третина од она што тие го имале кога биле во наши години“, напишал корисникот на Reddit.
Додал дека генерациските цели како купување на куќа, основање на семејство и финасиска стабилност не се одложени поради мрзеливоста на младите луѓе, туку затоа што станале прескапи.
„Пресвртите кои ги очекуваат од нас не се направени поради мрзеливост, туку затоа што економијата ги направила недостижни“, навел тој.
Купувањето на куќа станало речиси недостижно
Голем дел од коментарите се однесувале на драстичниот раст на цените на недвижностите во текот на последните децении.
Еден корисник на Reddit напишал дека многу припадници на постарите генерации не чувствуваат лична одговорност за денешните проблеми со пристапноста до дом, бидејќи само го следеле тогашниот американски модел на живот:
„Можеби дури кога децата ги испраќале на факултет сфатиле дека нешто не е во ред поради енормните трошоци за школување. Но ни тогаш не мислеле дека се лично одговорни за тоа“, напишал еден коментатор.
„Станале милионери багодарение на тајмингот“
Посебно внимание привлекле коментари за тоа дека многу постарите сопственици на недвижности станале богати речиси случајно, благодарение на растот на вредноста на куќите.
„Куќата која ја купиле пред 30 години пораснала 40 пати во вредност и сега на хартија се милионери, иако живеат потполно исто како што живееле претходно“, навел еден од корисниците на Reddit.
Помладите Американци сметаат дека денешните генерации работат повеќе од кога било, но и дека покрај тоа многу потешко доаѓаат до финансиска сигурност, заштеда или сопствен дом.
Сѐ е поголем јазот помеѓу генерациите
Расправата повторно го отворила прашањето за големиот економски јаз помеѓу генерациите во САД, особено кога станува збор за цените на недвижностите, трошоците за образование и животните трошоци.
Додека постарите генерации често граделе богатство низ долгорочна сопственост на недвижности и стабилни работни места, младите денес влегуваат на пазарот на труд во значајно поскапи и нестабилни економски услови.
Извор: Blic.rs

