МакедонијаСветот на работникот

Над 110 лица се самовработија со поддршката на Владата во струмичко

Со владините мерки за отворање свои бизниси, во струмичко се самовработија над 110 лица од кои половината се млади. Доминираат занаетчиските работилници, но има и мали погони, соопштија од Агенцијата за вработување…

Повеќе од 110 лица се вработија и отворија свои бизниси во струмичко преку Програмата за самовработување и поддршка на нови вработувања на Владата. Вака соопштија од канцеларијата на Агенцијата за вработување во Струмица, од каде велат дека станува збор од занаетчиски работилници, фирми со производствени погони, па сè до понуда на ИТ услуги.

Според информациите, регистрирани се 104 нови фирми од кои половината, или 56 фирми се од млади лица до 29 години кои добија поддршка до 10.000 евра. Во Агенцијата има и други мерки вели раководителката на АВРМ Струмица, Павлина Ѓеоргиева.

Во Струмица се водат 4.615 невработени лице од кои околу 1.090 лица се млади до 29 години.

Извор: МРТ