СветСветот на работникот

Во Германија најмногу заработуваат Индиjците

Индиските работници во Германија имаат највисоки просечни примања, покажува најновата студија на Германскиот економски институт.

Според податоците, просечната бруто плата на индиските работници во 2024 година изнесувала 5.393 евра месечно. По нив следуваат работниците од Австрија со 5.322 евра, од САД со 5.307 евра и од Ирска со 5.233 евра.

За споредба, германските работници имаат просечна бруто месечна заработка од 4.177 евра, додека странските работници во Германија во просек заработуваат 3.204 евра месечно.

Од Институтот објаснуваат дека причината за високите приходи на индиските работници е тоа што тие најчесто се вработени во академски и високо-стручни професии, особено во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM).

Околу една третина од индиските работници со полно работно време, на возраст меѓу 25 и 44 години, работат токму во овие сектори.

Меѓу 2012 и 2024 година, бројот на индиски работници во Германија е зголемен речиси деветкратно, достигнувајќи повеќе од 32.800 лица, пренесува агенцијата ДПА.

Според студијата, овој тренд е резултат на наглиот пораст на бројот на индиски студенти во Германија. Многумина од нив успешно ги завршиле студиите и одлучиле да останат во земјата, каде што продолжиле да придонесуваат во истражувањето и развојот, наведуваат авторите на студијата.

Извор: b92.net