Најдобар избор за преселување? Во оваа европска земја просечната плата е 8,249 евра
Ако сакате високи плати и релативно ниски трошоци на живот во однос на примањата, Лихтенштајн често се издвојува како една од најпривлечните дестинации за преселување во Европа.
Индексот за преселување без данок (Tax-Free Relocation Index) е ранг листа која ја изработила компанијата William Russell, а која ги идентификува најдобрите дестинации за преселување, земајќи ги предвид земјите со ниска или нулта стапка на данок на доход,
При изработка на индексот предвид се земаат просечните плати во земјите, трошоците за сместување и даночните стапки. Наменет е за поединци кои ги бараат најповолните места за живот и работа.
Плата поголема од 8,000 евра
Жителите на Лихтенштајн, мала држава сместена помеѓу Австрија и Швајцарија, имаат просечна нето плата од околу 8,249 евра.
Сепак, треба да се има предвид дека станува збор за многу мала држава со околу 40,000 жители, во која 70 % од работната сила ја сочинуваат странски државјани, најчесто од Швајцарија, Австрија и Германија.
Лихтенштајн има стабилна економија силно поврзана со Швајцарија висок животен стандард и многу високо ниво на безбедност – криминалот е сведен на минимум. Покрај тоа, станува збор за алпска држава со исклучително зачувана природа, сместена во долината на реката Рајна.
Најчест пат до преселување во оваа држава е преку директна понуда од работодавач во земјата, по што се аплицира за дозвола за претстој.
Најбарани профили се во ИТ секторот, финансиите, инженерингот и здравството, покажуваат општите податоци за пазарот на труд и миграциските правила на Лихтенштајн.
Извор: Blic.rs

