ЕкономијаСвет

Овде се воведуваат 16 пати поголеми школарини за студентите вон ЕУ: Дали е крај на еднаквиот пристап до образование?

Планот на Франција на студентите вон Европската унија да им наплати и до 16 пати поголема школарина предизвикал бурни реакции и отворил широка европска дебата за финансирањето на високото образование.

Дојче веле (DW) анализирал како различни европски земји ја регулираат школарината за домашните и странските студенти, како внатре во ЕУ, така и надвор.

1. Во Франција програмата „Избери ја Франција за високо образование“, најавена минатиот месец, е насочена кон укинување на досегашната пракса според која универзитетите ги изземале странските студенти вон ЕУ од повисоки школарини. Од академската 2026/27 година, поголемиот дел на студенти вон ЕУ ќе плаќаат 2,895 евра за основни и 3,941 евро за мастер студии, што претставува зголемување од дури 16 пати во однос на претходните цени. Се очекува дека оваа мерка би можела на студентите да им донесе околу 250 милиони евра годишно. Одлуката предизвикала критики од страна на студентските организации, кои предупредуваат дека со тоа се загрозува принципот на еднаков пристап до образование и дека се воведува систем во кој образованието се’ повеќе зависи од државјанството и финансиската моќ.

Од друга страна, одредени академски економисти истакнуваат дека универзитетите се под финансиски притисок и дека бесплатното образование ги отежнува привлекувањето и задржувањето на квалитетен наставен кадар.

2. Во Холандија, студентите од ЕУ плаќаат околу 2,500 евра годишно, додека странските студенти плаќаат помеѓу 13,000 и 32,000 евра, во зависност од програмата. Иако голем дел од нив остануваат во земјата после студиите, тој процент опаѓа низ годините, што ја поттикнува владата да ги ограничува програмите на англиски јазик и да го намалува бројот на меѓународни студенти.

3. Велика Британија има долгогодишен систем на високи школарини, при што странските студенти плаќаат и до 44,000 евра годишно, додека домашните плаќаат значајно помалку. Сепак, земјата и понатаму привлекува голем број на студенти и остварува значаен економски приход.

4. Швајцарија се разликува од поголемиот дел од европските земји и планира изедначување на школарината за домашните и странските студенти, додека во поголемиот дел од државите на ЕУ разликите се и понатаму изразени.

5. Во Германија трошоците се меѓу најниските и се движат од 200 до 500 евра по семестар, без оглед на потеклото на студентите.

6. Во Шпанија и Португалија школарините се поумерени, но и понатаму постои разлика помеѓу домашните и странските студенти.

7. Австрија Хрватска, Ирска, Грција и Шведска имаат различни модели, од ниски до значајно повисоки школарини за студентите вон ЕУ.

На просторите на поранешна Југославија се применуваат комбинирани модели и спогодби за реципроцитет, па студентите од регионот често студираат под исти услови како домашните. Во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора цените и условите значајно варираат, но регионот останува релативно конкурентен во споредба со западноевропските универзитети, особено за студии на англиски јазик, пренесува Бизнис и финансии.

Извор: Telegraf Biznis