СветСветот на работникот

IKEA отпушта 850 работници ширум светот поради пад на побарувачката

Шведската компанија IKEA, позната по производство и продажба на мебел, најави дека ќе отпушти 850 работници во 63 земји како дел од мерките за намалување на трошоците поради опаѓање на побарувачката.

Од вкупниот број отпуштања, околу 300 работници ќе останат без работа во самата Шведска. Компанијата планира да намали околу три проценти од вкупниот број вработени, кој изнесува приближно 27.500 лица.

„Мораме да станеме побрзи, да ги скратиме процесите на донесување одлуки и едноставно да ги концентрираме нашите напори кон приоритетите“, изјави финансискиот директор на IKEA, Хенрик Елм, пренесува Reuters.

Тој посочи дека компанијата е погодена од зголемените трошоци за производство, американските царини и други економски притисоци.

Според Елм, падот на довербата кај потрошувачите, кој веќе подолг период е присутен, дополнително се влошил поради конфликтот во Иран и наглиот раст на цените на горивата. Тоа негативно влијаело врз домашните буџети и ја намалило можноста граѓаните да купуваат нов мебел.

„Во време кога довербата на потрошувачите е сериозно нарушена, расположливите приходи се намалуваат за многумина, особено за потрошувачите до кои сакаме да допреме. Нашата способност да ги намалиме цените за луѓето да можат да си дозволат IKEA е поважна од кога било, а тоа не може да се постигне ако имате превисоки основни трошоци“, заклучи Елм.

Извор: b92.net