ЕкономијаМакедонија

Oва се новите цени на горивата

Цените на горивата се намалуваат од полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од утре, ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по нова цена од 75 денари за литар, што е намалување од 0,5 денари. Исто толку поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98+, кој ќе чини 77 денари за литар.

Поголемо намалување има кај ЕУРОДИЗЕЛОТ, кој поевтинува за 1,5 денари и ќе се продава за 65,5 денари за литар. За 1 денар се намалува и цената на ЕКСТРА ЛЕСНОТО МАСЛО за домаќинство, кое ќе чини 68 денари за литар.

Од друга страна, цената на мазутот бележи пораст од 0,6 денари, и новата цена ќе биде 37,4 денари по килограм.