МакедонијаСветот на работникот

Пробна работа – Што вели Законот за работните односи

Многу малку во јавноста се зборува за механизмот кој Законот за работните односи им го овозможува на работниците и работодавачите – пробната работа.

Според членот 60 од ЗРО, при склучување на договорот за вработување, работникот и работодавачот можат да се договорат за пробна работа.

„Во договорот за вработување, покрај сите права и обврски од работен однос, се утврдува и висината на платата и времетраењето на пробната работа, кое не може да биде подолго од шест месеци. Пробната работа може да се продолжи во случај на оправдано отсуство од работа (болест и слично)“, се вели во Законот.

Што се однесува до вршење на сезонска работа, Законот предвидува дека може да трае до три работни дена.

„Работодавачот може договорот за вработување со пробна работа за вршење на сезонска работа да го откаже во рок од три дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со пробна работа.“

Работникот пак, во времетраењето на пробната работа може да го откаже договорот за вработување со отказен рок од три работни дена.

Врз основа на оценката за неуспешно завршената пробна работа, работодавачот може по изминувањето на пробната работа да го откаже договорот за вработување.