МакедонијаСиндикат

Прва работна средба на претседателот Рамов со членството

Фејсбук статус на Јаким Неделков, поранешен претседател на СОНК:

Прва работна средба на претседателот Рамов со членството.

Регионалниот одбор на СОНК Кисела Вода одржа редовна седница, на која што беше поканет и присуствуваше претседателот на СОНК, Стојко Рамов. Тој пред членовите на Регионалниот одбор накратко ја презентираше програмата за работа во наредниот период, истакнувајќи ги приоритетите во дејностите детска заштита,образование и културата.

Седница успешно ја водеше претседателот на регионот, Лена Спасеновска Поповска, која меѓу другото, му се заблагодари на претседателот Рамов што се отповика на поканата да учествува во работата на одборот.