МакедонијаСветот на работникот

Расте интерeсот кај младите за занаетите

Податоците од занаетчикиот регистар на територија на Град Скопје покажуваат бројка од 2.700 активни занаетчии. Повеќе од половина од вкупните занаетчии отпаѓа на фризерите, креативните занаети, автомеханичарите, козметичарите и оние кои се занимвааат со дизјан, производство и поправка на облека, при што најголемо учество имаат занаетите во секторот лични улуги, велат за порталот Работник од Занаетчиската комора Скопје.

„Споредено со Регистарот на занаетчии од 2010 година, вкупниот број на занаетчии во Град Скопје бележи зголемување од 13 %, при што во структуратаа одредени занаети бележат зголемување, а одредени намалување. Така, поголемо зголемување бележи бројот на занаетите во секторот лични услуги, додека позначајно намалување е забележано кај производството на храна“, велат од Комората.

Во однос на интересот од страна на младите за занимавање со занает, од Комората велат дека во регистарот што го води минатата година се запишале 50 нови бизниси каде носители се млади лица до 29 години. Тоа, според нив, значи дека младите имаат интерес за започнување на занаетчиски бизнис.

На прашањето што ќе биде потребно за младите уште повеќе да се стимулираат да одберат занает и каква улога треба да има државата, од Занаетичската комора Скопје рекоа оти сметаат дека активностите што ги покренале коморите и бизнисот вродиле со резултат – зголемен интерес на младите за стручно образование.

„Конечно има зголемен интерес на деветоодделенците за занаетчиски струки и профили, а ова е резултат на голем број промотивни настани и кампањи за стручно образование кои се организираа изминативе години“, рекоа од таму.

Посочија дека годишнениот резултат на поголем интерес за стручно образование наспроти гимназиското е знак дека ставовите на родителите и децата за упис во гимназиско образование се променети, и дека подобар избор за младиот е човек е насочување кон одредена струка која ќе му донесе директно вработување на пазарот на труд.

Занаетчиството, велат, ќе биде уште попривлечно за младите кога професионалната ориентација ќе биде целосно реализирана во основните училишта и кога од мали децата ќе се учат да работат, да развиваат вештини и компентенции за занимањата за кои ќе пројават интерес.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk