ЕкономијаМакедонија

РЕКОРД: Просечна плата од 6.000 евра во гостиварска фирма за игри на среќа

Во компаниите за спортско обложување и игри на среќа лани биле вработени 8.246 лица. Тоа е речиси идентичен број како во 2024 година, кога во секторот работеле 8.257 луѓе.

Просечната нето-плата во дејноста во 2025 година изнесувала 54.434 денари, што е за 29,1 насто повеќе од 2024 година, кога просекот бил 42.157 денари.

Сепак, зад секторскиот просек се кријат огромни разлики. Од една страна, има компании во кои просечната плата е под законскиот минимум, а од друга страна, има фирма во која просечната нето-плата достигнала дури 362.329 денари, односно речиси 6.000 евра.

Според анализата што ја подготви порталот Пари врз основа на податоците на Бизнис мрежа, рекордер е Друштвото за информатички технологии „Свисс-Системс“ ДООЕЛ Гостивар, кое поседува лиценца за приредување игри на среќа со апарати.

Повеќе тука