ЕкономијаМакедонија

РКЕ денес одлучува дали ќе поскапат горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги објави новите цени на горивата, откако нафтата на светските берзи драстично поскапе.

Премиерот Христијан Мицкоски завчера истакна дека очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најави и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива.

Минатиот понеделник цената на дизелот скокна за 5,5 денари за литар, а на бензините за 1,5 денари за литар.