Светот на работникот

Само од чување кучиња заработува 1.000 долари месечно – ИТ менаџерка ја открила формулата за дополнителен приход

Искуството на една 35- годишна менаџерка на производи од Њујорк покажува како дополнителните работни места со постојаното работно место можат да го променат погледот на кариерата, финнасиите и животните приоритети.


Џенифер Мартинез, менаџерка на производи од Њујорк, рекла дека пред неколку години започнала да чувствува финансиски притисок. Таа работи како product manager во една ВИ стартап компанија од 2017 година, целосно од дома, што и’ овозможува паралелно да развива повеќе дополнителни „тезги“.

Како што наведува, во последните неколку години чувствува се’ поголем финансиски притисок, бидејќи растот на платата не го следи растот на трошоците на живот во Њујорк.

„Сакав да се чувствувам финансиски посигурно оти имам цели – купување на куќа и повеќе патувања. Се’ започна да делува како да ми се лизга од рацете“, вели таа, пишува Business insider.

Дополнителна несигурност создале и брановите на отпуштања во ИТ индустријата.

„Видов луѓе околу себе како ги губат работните места и сфатив дека потребна ми е финансиска резерва“, додала таа.

Чувањето на кучиња носи 1.000 долари месечно

Нејзиното прво дополнително работно место било чување на кучиња во Њујорк преку платформата Rover, и тоа и денес е нејзин најстабилен извор на дополнителна заработка. Во просек, во својот стан има кучиња од околу 20 до 25 дена месечно и наплатува околу 65 долари по ноќ.

Заработува околу 1.000 долари месечно само од оваа работа.

„Бев загрижена дека кучињата ќе прават хаос, но ништо од тоа не се случи“, вели таа.

Освен финансиска корист, вели дека оваа работа и’ донела и други предности.

Повеќе од заработка: друштво, здравје и помалку стрес

Чувањето кучиња, како што вели, и’ помогнало повеќе да се движи, да излегува надвор и да одржува рутина.

„Имаше денови кога немав пауза помеѓу состаноци, а кучето ме тераше да излезам на прошетка“, навела таа.

Исто така истакнува дека работата од дома често и’ носела чувство на осаменост, а присуството на кучињата го ублажува тоа.

Керамиката како креативно бегство и дополнителен приход

Во текот на пандемијата започнала да се се бави со керамика, барајќи начин да се оттргне од стресот и луѓето во пренатрупаниот стан. Запишала курс и започнала да изработува рачни работи, инспирирана од естетиката на грчките острови.

„Сакам бел и син минималистички стил, како на Киклади“, навела таа.

Подоцна отворила и Etsy продавница и продала околу 15 чинии по цена од 60 долари.

TikTok, LinkedIn и мали консултантски услуги

Покрај тоа, креира и содржина за на ТикТок за превенција на burnout-от (согорување), а на LinkedIn започнала да добива барања за консултантски услуги во областа на продукт менаџментот. Овие ангажмани и’ носат дополнителни неколку стотина долари повремено.

Повеќе пари, но и повеќе дилеми

Иако влегла во side hustle приказната за да добие поголема финансиска сигурност, сега вели дека станала уште понесигурна во врска со кариерата.

„Мислев дека ќе добијам појасна насока, но сега гледам колку можности постојат и уште повеќе сум збунета“, рекла таа.

И понтаму целта и’ е едно од дополнителните работни места да го претвори во главен извор на приходи, најверојатно керамиката или некој handmade бизнис.

„Би сакала да живеам од тоа, но се’ уште не сум стигнала до таму“, заклучила таа.

Извор: Bizportal.rs