МакедонијаСиндикат

СПМ: БАРАЊЕ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ да биде вметнато во ребалансот на буџетот за 2026 година

Денес СПМ до Владата на Република Македонија до Премиерот г-дин Христијан Мицкоски поднесе Барање – во ребалансот на буџетот да бидат обезбедени средства за повисоки плати на сите вработени во МВР.

Имено, во новиот Закон за внатрешни работи (објавен во “Службен весник на РМ” бр. 160/25 и сите понатамошни измени) и ние и голем дел од работниците препознаа НАДЕЖ дека некој конечно после толку години борба, преписки, реакции и што ли уште не, раководството во Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme СФАТИ дека основната плата е под законскиот праг на минималната плата. И бидна новиот Закон за внатрешни работи кој најпрво требаше да се применува со повисоки плати од Април оваа година. Потоа новиот ЗВР повторно се одложи (вклучително и одредбата за повисоки плати) до 01.07.2026 година.

Но, последното одложувањето на ЗВР од страна на група пратеници од владејачката партија и одредбите за ПОВИСОКИ ПЛАТИ да бидат одложени до месец Септември 2028 година се гледа веќе предалеку и разочарувачки за сите вработени во МВР.

За да бидеме поконкретни, со новиот ЗВР прашањето за основната плата да не може да биде пониска од минималната плата во Републиката конечно беше решена. Сега пак разочарување за жал, законот одложен а повисоки плати НЕМА ДА ИМА⁉️

Согласно наведеното од Вас како Премиер и Влада Бараме во новиот ребаланс кој оваа недела треба да се прати во Собранието, да предвидете средства, со кои платите на вработените во Полицијата би се покачиле од месец Септември оваа година за минимум 10%, зошто сметаме дека е срамота полицаец во 21 век да зема основна плата помала од минималната плата, иако и со тоа нема да се исправи оваа неправда.

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!

Влада на Република Северна Македонија

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме