ЕкономијаСвет

Самохрана мајка должела 14.000 евра, останала и без приход: За една година успеала да го направи тоа што не е возможно

Самохрана мајка на четири деца од Велика Британија успеала за само една година да го отплати долгот поголем од 14.000 евра, иако по прекинот со партнерот останала без приходи и се соочила со сериозни финансиски проблеми. Нејзината приказна покажува како строгата контрола на трошоците, одрекувањето од секојдневните навики и преговорите со доверители можат да помогнат во излегувањето од должничка криза.

Шарлин Воракер (35) од Шефилд со години насобирала долгови на кредитините картички, низ купување на одложено плаќање, каталошка продажба и неплатени сметки за комуналии.

Кога партнерот ја напуштил, влегла во сериозна должничка криза

Ситуацијата дополнително се влошила откако партнерот ја напуштил, а таа останала сама да се грижи за четири деца, на возраст од 17, 15, осум и три години.

Каматите на поединечни кредитни картички достигнувале до дури 33 %, поради што минималните месечни уплати биле недоволни за значајно да го намали долгот.

Како што пренесува хрватскиот Dnevno.hr, повикувајќи се на британскиот Miror, финансискиот притисок сериозно се одразил и на нејзиното секојдневно функционирање.

„Беше исклучително стресно и постојано ме држеше будна навечер. Плаќањето на минималните износи создаваше чувство на пораз“, раскажала таа.

Пресекла преку ноќ и ги променила секојдневните навики

Иако првобитно планирала долгот да го отплати за три години, одлучила во потполност да го промени начинот на трошење на парите и да ја забрза уплатата.

Најпрво ги откажала сите непотребни претплати, престанала да нарачува храна и започнала внимателно да го планира секој оброк.

Се одрекла од излегувања, непотребно купување и бројни ситни трошоци кои со текот на времето се претворале во сериозен издаток.

Истовремено ги контактирала доверителите и се обидела да договори поповолни услови за подмирување на обврските.

„Се одреков од многу работи кои луѓето ги земаат здраво за готово, како излегување со пријателите , достава на храна, непотребно купување и ситни уживања. Не излегов една година“, раскажала Шарлин.

Наместо козметички салони, помош побарала од вештачката интелигенција

Еден од интересните начини на штедење се однесувал на нега и козметика.

Шарлин целосно престанала да посетува фризери и козметичари, со што, според својата пресметка, штедела околу 150 фунти месечно.

Научила самата да шиша и да ја фарба косата, да поставува екстензии и да подготвува одредени козметички призводи дома.

Во тоа и’ помагала и вештачката интелигенција, од која барала рецепти и совети за замена на скапи препарати со состојки од домаќинството.

Така, помеѓу другото, користела какао во прав наместо бронзер.

Претходно, како што вели, на шминка трошела околу 50 фунти месечно, додека поединечните посети на салони ја чинеле помеѓу 150 и 250 фунти.

Партите кои инаку би ги потрошила на такви услуги ги пренасочувала на отплата на долговите.

Последните 100 фунти ќе ги памети засекогаш

После една година строго штедење, одрекување и договарање со доверителите, Шарлин во мај успеала да ги уплати последните 10 фунти од долгот.

„Се сеќавам на моментот кога дојдов до последните 100 фунти. Гледањето како тој износ се намалува на нула беше неверојатно чувство. Секоја уплата преставуваше мала победа“, раскажала таа.

Денес, откако успеала да се ослободи од финансиските обврски, своите искуства за планирање на куќниот буџет и контрола на трошоците ги споделува на социјалните мрежи.

Нејзината приказна покажува колку малите, секојдневни заштеди можат да станат значајни кога се спроведуваат доследно. Сепак, важен дел од нејзиниот успех биле и директните преговори со доверителите, што значи дека резултатот не е постигнат исклучително преку одрекување на личните задоволства.

Извор: Telegraf Biznis