Сѐ помалку работа за постарите – или пензија, или прилагодување
Сѐ побрзото воведување на вештачката интелигенција (ВИ) во работењето ги принудува многу постарите канцелариски работници да избираат помеѓу усвојување на нови ВИ алатки или порано заминување во пензија.
Како што наведува американскиот портал, припадниците на генерацијата бејби бумери и генерацијата Икс, кои во текот на кариерата поминале низ технолошки промени како проширување на интернетот, дот – ком кризата и ковид пандемијата, сега се соочуваат со нов предизвик – прилагодување на работно опкружување во кое вештачката интелигенција ги презема поголемиот дел од канцелариските задачи, објавил Бизнис Инсајдер, пренесува Танјуг.
Според истражувањето на Pew Research, ВИ алатките значајно се позастапени меѓу младите вработени отколку меѓу работниците постари од 50 години, но аналитичарите оценуваат дека искуството и развиените професионални вештини на постарите работници претставува важна предност во периодот на транзиција.
Истовремено, податоците покажуваат дека сѐ поголем број на Американци го одложуваат пензионирањето поради финансиски причини, додека приближно половина од вработените вејби бумери веќе користат ВИ во секојдневната работа.
Соговорниците на порталот наведуваат дека постарите работници активно учат да ги користат ВИ алатките за да останат конкурентни на пазарот на труд, додека други сметаат дека вложувањето на напор во совладувањето на нови технологии пред крајот на кариерата не е оправдано, па планираат порано заминување во пензија.
Експертите предупредуваат дека токму таа дилема во наредните години ќе стане едно од клучните прашања за постарите вработени во канцелариските занимања.
Извор: Bizportal.rs

