Светот на работникот

Сѐ повеќе млади заминуваат во пензија во 30-тата година – генерацијата З му го врти грбот на класичната работа

Генерациите кои пораснале со пораката дека треба вредно да се работи 40 години за еден ден да уживаат во пензијата сѐ почесто избираат потполно поинаков пат.

Наместо да чекаат на староста за конечно да одморат, патуваат или ги остварат личните желби, сѐ повеќе млади професионалци ширум светот се одлучуваат за т.н. мини – пензии – планирани паузи во кариерата кои можат да траат од неколку недели до неколку месеци.

За многу од припадниците на Генерацијата З и миленијалците, тоа не е бегање од работата, туку обид животот да не премине во непрекината трка помеѓу канцеларијата, роковите и обврските.

Младите повеќе не сакаат да живеат само за викенд

Некогаш важело правилото дека напорно се работи во текот на целиот работен век и дека одморот доаѓа кога ќе се пензионирате.

Денес сѐ повеќе млади сметаат дека таквиот модел повеќе нема смисла.

Многумина не сакаат најубавите години од животот да ги поминат чекајќи на далечната иднина. Наместо тоа, избираат во текот на кариерата да направат пауза, да патуваат низ светот, да поминуваат повеќе време со семејство, да се посветат на хобијата или едноставно да одморат од секојдневниот стрес, пренесува Telegraf.

Токму поради тоа концептот мини – пензии станува еден од најинтересните трендови помеѓу помладите генерации.

Burnout-от станал сериозен проблем

Една од главните причините за ваквиот тренд е сѐ поизразеното согорување на работа.

Долгиот работен ден, константната достапност, притисокот да се биде продуктивен и стравот од заостанување довеле до тоа многу од младите веќе во дваесеттите и триесеттите години да чувствуваат сериозен замор.

Ова е особено изразено во технолошкиот сектор, корпорациите и професиите кои подразбираат високо ниво на одговорност.

Поради тоа, сѐ поголем број на луѓе доаѓаат до заклучок дека неколку месеци одмор може да биде повредно до неколку години одмор кои можеби ги очекуваат во староста.

Мини – пензијата не е одмор без план

Иако звучи привлечно, експертите предупредуваат дека ваквиот потег изискува сериозна подготовка.

Паузата од неколку месеци значи дека лицето мора однапред да обезбеди доволно пари за трошоците за живот, патувањата и непредвидените ситуации.

Финансиските советници нагласуваат дека мини – пензијата не е импулсивна одлука, туку проект кој изискува дисциплинирано штедење и внимателно планирање.

Без финансиска сигурност, ваквиот чекор може да доведе до повеќе стрес од корист.

Нов поглед на работата и животот

Според анализите на екпертите, трендот на мини – пензии покажува дека се менува начинот на кој младите гледаат на кариерата.

Работата повеќе не е единствениот центар на живот ниту мерка за личниот успех.

Сѐ повеќе луѓе се обидуваат да пронајдат рамнотежа помеѓу професионалниот развој, слободното време, менталното здравје и личното задоволство.

Наместо моделот „работи цел живот па одморај“, попопуларен станува пристапот кој подразбира повеќе кратки периоди на одмор во текот на животот.

Дали е ова иднината на работата?

Поедничени експерти сметаат дека мини – пензиите можат да имаат и позитивни ефекти на кариерата.

Паузата им овозможува на луѓето ментално да се опорават, да стекнат нови искуства, да научат нови вештини или дури да ја променат и професионалната насока.

Поради тоа многумина веруваат дека во наредните години сѐ повеќе компании ќе мораат да се прилагодат на новите генерации на вработени кои не сакаат само поголема плата, туку и повеќе време за живот.

Бидејќи за многу млади денес успехот повеќе не значи само добра кариера – туку и можноста животот да не го одлагаат за некои „подобри времиња“.