СПМ: Барање за ИТНА измена во Законот за внатрешни работи – ПОВИСОКИ ПЛАТИ
Најнапред да го поздравиме покачувањето на износот на минималната плата во Република Македонија на 26.046 денари во месец Март оваа година. Добро е да има покачување иако е тоа премалку за жал.
Но, се поставува прашањето кое сите нас во Полицијата не интересира- КОЈА Е ПРИДОБИВКАТА ОД ОВА ПОКАЧУВАЊЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР???
Дозволете да потсетиме дека износот на ОСНОВНАТА ПЛАТА НА ПОЛИЦАЕЦ со постојниот Закон за внатрешни работи во моментов е ни помалку ни повеќе туку 18.444 денари, односно помалку од 7.602 денари помолку од минималната плата во Македонија. Да стане појасно колку изнесува основната плата за полицаец:
35,47 ден.(вредност на бод) х 520 (бодови за полицаец) = 18.444 денари!
Затоа како Синдикат БАРАМЕ ВЕДНАШ:
Да иницирате постапка до Собранието на РМ каде во постојниот закон за внатрешни работи да се предвидат одредби каде основната плата во МВР нема да биде пониска од минималната плата во Републиката (онака како што е предвидено во новиот ЗВР кој за жал ќе стапи во сила од 1 Септамври 2028 година)![]()
Зголемувањето/порамнувањето на платите СОГЛАСНО ЗАКОН ГО БАРАМЕ И ПРЕДЛАГАМЕ да биде од причина што платите во МВР пред се премногу мали во однос на останатите професии како и доследно почитување на Законот за минимална плата!
Дополнително ако го имаме пред нас фактот дека бројот на тужби по овој основ со кој кој ќе се соочи Министерството за внатрешни работи во иднина ќе биде во огромен број заради позитивната судска пракса, потребно е ИТНО променување на одредбите на плата во Законот за внатрешни работи.
Почитуван Министре, бараме единствено почитување на законите, ништо повеќе.
И работникот во МВР заслужува ДОСТОИНСТВО!
ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!

