МакедонијаСветот на работникот

#ДАСЕПОТСЕТИМЕ: Скратено работно време на родител на дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби – Што вели ЗРО?

Скратено работно време на родител на дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби

Член 169

(1) Еден од родителите на дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби има право да работи со половина од полното работно време ако двајцата родители се во работен однос или ако родителот е самохран, врз основа на наод од надлежна лекарска комисија, ако детето не е сместено во установа за социјално-здравствено згрижување.

(2) Скратеното работно време од ставот 1 на овој член се смета како полно работно време, а правото на надомест на плата се исплатува според прописите за социјална заштита.