МакедонијаСиндикат

СОНК учествуваше на 89-тата Конвенција на AFT

СОНК на 89 – тата Конвенција на AFT

СОНК со свои претставници учествуваше на 89 -тата Конвенција на Американската федерација на наставници (AFT), каде што се собраа синдикални лидери и претставници од образованието со над 3000 делегати и над 20 делегации од целиот свет.

На Конвенцијата беа потврдени лидерските квалитети на досегашната претседателка Ренди Вајнгартен (Randi Weingarten), и таа ќе го води AFT и во следните две години.

Преку средби, дискусии и размена на искуства, ја зајакнуваме меѓународната соработка и ги промовираме интересите на вработените во образованието и науката .

Учеството на СОНК на вакви значајни настани е потврда за нашата заложба за подобри работнички права, поквалитетно образование и посилно синдикално организирање