- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Tригодишните договори на професионалните војници се продолжуваат за една година

Tригодишните договори - Работник
334views

Успешен социјален дијалог во министерството за одбрана. На предлог на Независниот синдикат за професионални војници и Независниот синдикат на одбраната, на сите професионални војници кои имаат потпишано тригодишни договори за работа ќе им се продолжат договорите за дополнителна една година.

Измените во Законот за служба во Армијата, од февруари оваа година предвидуваат професионалните војници да потпишуваат договори на секои четири години.

Министерството за одбрана ќе потпише анекси на договорите на професионалните војници вработени пред да се донесе оваа измена, со што целосно се изедначуваат условите под кои се вработени професионалните војници и им се дава дополнителна сигурност.

Вакви анекси на договори за продолжување на работниот однос ќе бидат потпишани со 2.705 професионални војници.