Светот на работникот

Вероника инвестирала во „здодевен“ бизнис, а сега не оди на работа и месечно заработува 2.500 евра

Кога се говори за успешни бизниси, луѓето најчесто помислуваат на ресторани, продавници или големи компании.

Една наизглед обична работа може да донесе доста стабилна заработка – изнајмување на мали складишта во градот, пишува Dnevno.

Претприемачката Вероника уште од 2015 година ја препознала оваа прилика и започнала бизнис кој денес функционира речиси самостојно.

Денес управува со три самопослужни складишни центри, а пополнетоста на нејзините простори достигнува дури 99 %.

Нема роба, вработени ни секојдневен стрес – само простор кој се издава

За разлика од класичните бизниси кои изискуваат присуство на сопственикот, овој модел функционира со помош на технологијата и едноставна организација.

Нема кујна, производство, залихи на роба ниту голем број вработени.

Поголемиот дел од работата се обавува преку интернет – корисниците се пријавуваат онлајн, договорите се завршуваат по електронски пат, а пристапот до складиштето се контролира со помош на софтвер.

Вероника наведува дека секојдневните обврски и’ се сведуваат на кратки разговори со клиентите, решавање на проблемите со пристапните шифри и обработка на нови пријави.

„Вратата ја отворам преку софтвер, клиентот влегува, а јас му објаснувам: ова е складиште број 130, површина два квадратни метри“, раскажала Вероника во текот на гостувањето кај јутуберот Ерик Понс.

Зошто луѓето изнајмуваат мали складишта?

Нејзините клиенти во главно не се големи фирми, туку обични луѓе на кои им недостасува простор во домот.

Најчесто се чуваат:

  • сезонска гардероба,
  • велосипеди,
  • спортска опрема,
  • работи кои се користат повремено,
  • мебел во текот на реновирање.

„Нашите клиенти се соседи од крајот“, објаснува Вероника, истакнувајќи дека добрата локација игра клучна улога.

Наместо големи хали на периферија, таа избира градски зони каде луѓето живеат и каде просторот за скалидирање им е лесно достапен.

Инвестирала околу 100.000 евра, а инвестицијата се враќа за неколку години

За отворање на еден центар за складирање од околу 400 квадратни метри со 97 единици потребна е инвестиција од приближно 100.000 евра.

Според нејзиното искуство, повратот на инвестицијата е можен за четири до пет години.

Еден објект месечно може да донесе околу 4.500 евра приход.

Кога ќе се одбијат трошоците за закуп на просторот, струја, интернет и осигурување, кои изнесуваат околу 2.000 евра, остануваат околу 2.500 евра месечна добивка по центар.

Најмалите единици за скалидирање од околу два квадратни метри се издаваат за приближно 50 евра месечно.

Побарувачката е толку голема што морала да ја прекине листата на чекање

Интересот за ваквиот тип на простор се покажало многу поголемо отколку што очекувала.

Поради големата побарувачка, во еден момент дури морала да го откаже приемот на нови луѓе на листата на чекање.

Причината е едноставна – становите во градовите стануваат се’ помали, луѓето имаат се’ повеќе работи, а потребата за дополнителен простор расте.

Најголем проблем не е заработката, туку администрацијата

Иако работата делува едноставно, најголема препрека според неа не е пронаоѓањето на клиенти, туку бирократијата.

Добивањето на сите дозволи и согласноста може да трае од осум месеци до една година.

За тоа време сопственикот веќе мора да го плаќа закупот на простор.

„Кога ќе решите една работа, ви велат дека ви недостасува друга. Тоа се работи кои најмногу исцрпуваат“, рекла Вероника.

Бизнис кој никој не го видел, а сега го сакаат се’ повеќе луѓе

Моделот на самопослужни складишта покажува дека успешниот бизнис не мора секогаш да биде гламурозен или комплициран.

Некогаш најдобрата прилика се крие во решавањето на секојдневен проблем – недостаток на простор.

Вероника планира да го прошири работењето оти смета дека овој модел го спојува она што многу претприемачи го бараат: стабилен приход, флексибилно време и можност за автоматизација.

„Има денови кога телефонот воопшто не се огласува“, заклучува таа.

Извор: Bizportal.rs