ВИ нема на ист начин да ги смени сите занимања: Иднината на работата зависи од експертизата
Вештачката интелигенција нема да има единствен ефект на пазарот на труд, ниту сите занимања ќе се менуваат во иста насока. Нејзините ефекти ќе зависат од тоа кои задачи ќе се автоматизираат, каде ќе се дополнува човечкото знаење, а каде ќе се смени самата вредност на експертизата, било порачано на пленарниот панел „Labor Market Implications of AI“, одржан во рамките на XXI Светски конгрес на економисти во Белград.
На панелот учествувале Давид Аутор, Антон Коринек, Андреас Хумлум и Ана Саломонс, кои разговарале за тоа како развојот на вештачката интелигенција ја менува природата на работата, вредноста на знаењата, побаувачката за различни занимања и иднината на вработувањето.
Една од клучните пораки на панелот била дека влијанието на ВИ не може да се гледа само низ тоа колку професии ќе исчезнат, туку низ тоа како се менуваат задачите во занимањата и кои знаења остануваат вредни по автоматизацијата. Учесниците укажале дека вештачката интелигенција во некои професии може да биде „мултипликатор“ на продуктивноста, додека во други може да ја намали вредноста на вештините кои досега биле клучни.
Како што е објаснето, истата технологија може да има потполно различни последици по различни работници. Ако ВИ преземе дел од рутинските и техничките задачи, високоспецијализираните работници можат да добијат повеќе простор да се фокусираат на највредниот дел од својата работа. Меѓутоа, за оние кои токму тие задачи би биле основна стручна предност, истата промена може да значи намалување на побарувачката за нивните вештини.
Посебно е нагласено дека ВИ не треба да се гледа само како технологија на автоматизацијата. Во многу случаи таа функционира како алатка за соработка, која ја зголемува постоечката експертиза на работниците. Меѓутоа, за таквите алатки да ја зголемат продуктивноста, работникот и понатаму мора да знае што да работи, да го разбере контекстот и да умее да го процени квалитетот на резултатите.
Говорејќи за можните идни промени, учесниците се осврнале и на искуството на академската работа, истражувањата и почетните позиции. Алатките за кодирање и анализа веќе сега го менуваат начинот на кој истражувачите работат и го отвораат прашањето дали во иднина ќе има помала потреба за одредени видови на асистенска и почетничка работа. Тоа особено ја отвора дилемата како младите ќе стекнуваат искуство ако технологијата ги преземе задачите низ кои претходно се учело.
На панелот е укажано и на брзината на развојот на ВИ системи. Моделите кои пред неколку години можеле доверливо да ги извршат само многу кратките задачи денес се способни за значајно посложени активности, што покажува колку брзо се поместува границата помеѓу она што луѓето го работат и она што можат да го направат машините.
Сепак, учесниците нагласиле дека сликата не е едноставна ниту само негативна. ВИ во некои области ќе ги замени задачите, а во некои ќе ги дополни, а во некои ќе се зголеми вредноста на човечката експертиза. Поради тоа за креаторите на политики важно е да не го гледаат пазарот на труд само низ професиите, туку низ промените на структурата на знаењата, вештините и задачите.
Извор: BIZLife.rs

