МакедонијаСиндикат

Вработените во градинките изразиле незадоволство од наталожените проблеми

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Остварена е работна средба со дел од членовите на СОНК, вработени во ЈОУДГ,, Буба Мара”, Скопје.

На средбата се отворија повеќе прашања кои подолго време ги тиштат вработените, каде СОНК и надлежните од ресорното министерството како и локалната самоуправа треба да изнајдат решенија.

Членовите на СОНК изразија незадоволство од зголемениот број на деца во групите, што далеку го надминува законскиот максимум, просторните услови за работа, проблем со инклузијата, водење на педагошка администрација, професионални заболувања, висината на платата, исплата на јубилејни награди и други прашања поврзани со нивното работење.

Општа констатација беше дека во градинките има наталожено многу проблеми и тешко се работи, што укажува на потребата за брза реакција на синдикатот, во одбрана на правата што се гарантирани со актуелните закони и Колективен договор.

Раководството на СОНК се обврзува што е можно поскоро да упати Барање за измени и дополнување на Законот за заштита на деца, измени и дополнување на Колективниот договор за детска заштита и Барање за средба со градоначалникот на општина Аеродром.

Со оглед дека проблемите што ги имаат градинките се релативно исти во најголемиот број на градинки на национално ниво, во наредниот период ќе се достават Барање за работна средба до сите градоначалнци во Македонија, со цел да се надминат состојбите кои се во надлежност на општината.