СветСветот на работникот

Започнало: Мета укинува 8,000 работни места ширум светот

Компанијата Мета започнала да го спроведува планот за укинување на 8,000 работни места ширум светот, а на голем дел работници им е препорачано да работат од дома додека трае тој процес, пренесува Блумберг.

Отпуштањата се дел од претходно најавеното реструтурирање во склоп на намалување на трошоците, додека технолошкиот гигант истовремено интензивно вложува во вештачка интелигенција (ВИ).

Компанијата вчера наутро започнала да испраќа известувања до вработените ширум светот, најпрво на оние во Азија, се наведува во интерниот меморандум.

Во Ирска се укинати околу 350 работни места, односно приближно петтина од тамошната работна сила на компанијата, кажале извори запознаени со ситуацијата.

Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг после тоа во интерен меморандум до вработените соопштил дека оваа година не очекува нови отпуштања на ниво на целата фирма, пренесува Ројтерс.

Според наводите на агенцијата, отпуштањата и прераспределувањата најавени оваа седмица опфаќаат околу 20 % од вкупната работна сила на компанијата.

Извор: b92.net