МакедонијаСиндикат

Краус: Процесот на декарбонизација е неминовен; потребно е да ги заштитиме работниците

Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија:

„Праведната енергетска транзиција, нејзините социјални импликации и потребите на пазарот на труд“ во рамките на програмата за одбележување на 4 Ноември – денот на ослободувањето на Битола, беше темата на јавната дискусија која се одржа во организација на Младинскиот културен центар – Битола во соработка со Локалниот економско-социјален совет на општина Битола (ЛЕСС Битола).

🎯 Жарко Краус, претседател на ССЕРИ, констатира дека процесот на декарбонизација е неминовен, се случува и ќе се случи, притоа осврнувајќи се на потребата да ги заштитиме работниците кои потенцијално се први на удар.

Дополнително, ја истакна потребата од преквалификација и доквалификација на работниците кон новиот процес на производство на електрична енергија. Оваа потреба е круцијална за да не се случи масовна миграција и одлив на млади луѓе. Задржувањето на истите ќе се случи преку поактивно отворање на зелени работни места, а тоа зависи од сите нас, константира Краус.

Краус оцени дека е од суштинско значење вклучувањето на синдикатите во процесот на Зелената праведна транзиција со цел како би се слушнале реалните состојби и потреби и како истите би се спровеле на дело.

🔗 Целиот текст можете да го прочитате на: https://shorturl.at/TcJv0