Живот на остров и плата од 4.000 евра: Конкурсот за ова работно место е отворен уште еден ден
Во Комжа на островот Вис во Јадранското море, распишан е конкурс за извршен директор на Геопаркот Вишки архипелаг, со бруто плата од 3.600 евра и дополнителни 400 евра субвенции за сместување. Конкурост е отворен до 22 јули.
Проблемот на помалите средини
„Слободна Далмација“ пишува дека на прв поглед делува дека станува збор за исклучително атрактивна понуда, но зад неа се наоѓа проблемот со кој се соочуваат се’ повеќе помали средини – пронаоѓање на стручни кадри подготвени да живеат и работат вон големите градови.
Токму затоа работодавачите се’ почесто, покрај платата, нудат и субвенционирано сместување или други поволности за да привлечат соодветни кандидати, наведува медиумот.
Конкурост е распишан на мандат од четири години, со пробна работа од шест месеци, а од кандидатите се очекува искуство во раководење, познавање на управување со проекти и развојни програми, како и способност за водење на институцијата која управува со заштитеното подрачје на Вишкиот архипелаг.
Интересно е дека тоа не е единственото работно место кое моментално се пополнува во Комжа.
Куќен мајстор
Локалниот Наутички центар истовремено бара куќен мајстор за одржување на објектите и јавните површини, нудејќи бруто плата од 2.100 евра.
И овој пример покажува дека островските средини, и покрај добрите примања, се принудени активно да бараат работници поради се’ поизразениот недостиг од работна сила.
Економистите веќе подолго време предупредуваат дека демографскиот пад, стареењето на населението и ислеувањето дополнително ќе ја зголемат конкуренцијата меѓу работодавачите.
Поради тоа платата повеќе не е единствен фактор во вработувањето – се’ почесто се нудат сместување, дополнителни бенефити и пофлексибилни услови за работа, за да се пополнат работните места кои остануваат празни.
Извор: BIZLife.rs

