Зошто работниците тешко бараат повисока плата? „Работник“ спроведува анонимна анкета
.Посебно нè интересира дали стравот од губење на работното место, нарушување на односите со претпоставените или етикетирање како проблематичен работник влијае врз одлуката да не се побара повисока плата.
Анкетата е анонимна, а од учесниците не се бараат име, презиме или назив на компанијата во која работат. Пополнувањето трае околу 2–3 минути.
Одговорите ќе бидат искористени за подготовка на новинарска анализа на порталот „Работник“, со цел подобро да се разберат ставовите и искуствата на работниците во приватниот сектор.
Ги повикуваме сите вработени во приватниот сектор да учествуваат и да го споделат своето мислење.
Учествувајте во анкетата на следниот линк:

