Зошто дваесеттите се најдобрите години за стекнување финансиски навики
На многу млади луѓе денес им се чини дека заштедата и финансиската независност се цели кои постојано се поместуваат. Кога на тоа ќе се додадат секојдневните трошоци, притисокот за трошење и чувството дека парите исчезнуваат штом ќе легнат на сметка, не е тешко да се разбере зошто штедењето и инвестирањето често делуваат како луксуз, а не како реална опција.
Сепак, токму дваесеттите години се вистинското време за усвојување финансиски навики кои подоцна ја прават клучната разлика. Она што им оди во прилог на младите е времето, а времето е еден од најважните сојузници кога станува збор за инвестирањето. Што порано почнете да градите паметен однос кон парите, толку е поголема веројатноста дури и помали, но редовни износи со текот на времето значително да пораснат.
Во дваесеттите најлесно се формираат навиките кои подоцна го одредуваат начинот на кој управувате со парите. Тоа е период кога за првпат самостојно располагате со приходите и носите одлуки за тоа како да ги трошите. Меѓутоа, современиот начин на живот често поттикнува импулсивно трошење, па младите лесно упаѓаат во маѓепсаниот круг „од плата до плата“ или се потпираат на дозволен минус и кредитни картички. Од друштвото за управување со инвестициски фондови „Vista Rica“ потсетуваат дека дваесеттите се период кога за првпат заработуваме свои пари, стекнуваме економска независност и имаме природен нагон да уживаме во нив. Затоа овој период се смета и за формативен кога станува збор за финансиските навики.
„Не постојат вистински години за почеток на инвестирањето, туку вистински моментум, а тоа е што е можно порано. Една од најважните навики што треба да се усвои уште во дваесеттите е буџетирањето. Кога јасно знаете колку трошите и на што ви одат парите, многу полесно го одредувате износот што можете да го зачувате и подоцна да го насочите кон инвестирање“, наведуваат од компанијата „Vista Rica“.
Друга важна предност на дваесеттите е тоа што дури и помали износи, доколку се вложуваат редовно и долгорочно, можат да имаат реален ефект. Честа заблуда е дека со инвестирање треба да се почне дури кога приходите ќе станат значително поголеми. Во пракса е многу поважно да се почне со износ кој е одржлив, отколку да се чека „совршениот момент“. Тоа значи дека првата инвестиција може да биде и 5.000 денари.
На пример, ако 10 месеци однапред одвојувате пари за летување и ги чувате во парични (кеш) фондови, не само што на крајот ве очекува дополнителен принос, туку и го избегнувате трошокот за камата што би го имале доколку патувањето го платите со кредитна картичка. Кај комерцијалните банки, каматните стапки на револвинг кредитните картички често се движат приближно меѓу 10% и 15% (или повеќе кај одредени видови кредитирање). Тоа во пракса значи дека летувањето што го плаќате „на рати“ може да биде значително поскапо отколку ако истиот износ постепено сте го одвојувале и дури сте оствариле мал, но позитивен принос. Токму во тоа е разликата – помеѓу планирањето кое носи вредност и импулсивното трошење кое долгорочно ве чини.
Третата причина поради која дваесеттите се идеални за инвестирање е просторот за учење. Поентата не е веднаш да знаете сè, туку да имате време постепено да ги разберете опциите кои постојат на пазарот и да го најдете она што одговара на вашите цели. Покрај класичното штедење, денес се достапни и инвестициски фондови како еден од начините за долгорочно планирање на финансиската иднина, вклучувајќи ги и алтернативните фондови.
Дваесеттите не се важни затоа што тогаш мора да знаете сè за парите, туку затоа што почнувате на време. А кога се почнува рано, дури и малите чекори со текот на времето добиваат многу поголема вредност.
Извор: BIZlife.rs

