Светот на работникот

Зошто младите сѐ почесто избираат фриленс или сопствен бизнис?

Постарите генерации често ги критикуваат младите дека „не сакаат да работат“, „бегаат од одговорност“ или дека „мислат дека заслужуваат премногу“. Но реалноста е многу покомплексна: денес е значително потешко да се најде и задржи првата работа отколку пред 15 или 20 години, а многу млади го доживуваат целиот процес како дехуманизирачки, пишува New York Times.

Пазарот на труд никогаш не бил поконкурентен

За една отворена позиција денес се пријавуваат стотици кандидати. Повеќето апликации одат онлајн, а првиот круг селекција сѐ почесто го вршат алгоритми. Многу млади мораат да ги усогласат своите CV-ја со клучни зборови само за да стигнат до човечки регрутер. „Ова станува дистопија“, вели Ричард Јун, студент по економија на Универзитетот Колумбија.

Младите работници велат дека наместо менторство добиваат микроменаџирање, преголем обем на работа и постојан надзор. „Менџерите очекуваат да работиш шест работи во 40 часа. Бенефициите се слаби, а простор за напредок – речиси никаков“, раскажува 27-годишна дизајнерка која ја напуштила корпорацијата и преминала во фриленс, иако е помалку сигурно.

Сѐ пораспространет е и т.н. bossware – софтвер кој го мери секој клик, секое задоцнување и дури и „неактивноста“, без разлика дали работникот размислувал, планирал или зборувал со колега. Последица? Очајно чувство на загубена автономија.

Менталното здравје на младите работници опаѓа

Истражување на Националното биро за економски истражувања покажува дека работниците под 25 години денес се речиси еднакво незадоволни како и нивните невработени врсници. Посебно се погодени младите жени.

Како младите реагираат на ваквата ситуација?

Најчестите одговори се следните два:

  • Премин во фриленс или отворање сопствен бизнис – поради поголема автономија и слобода.
  • Поголема поддршка за синдикално организирање – тренд кој повторно расте кај младите генерации.

„Ако некој работел 20 години во голема компанија и сепак останал без работа, зошто би верувал дека тоа е стабилениот пат?“, прашува Јун.

Извор: BIZLife.rs