Австрија воведува посебна квота за сезонските работници од Западен Балкан
Австриската влада во средата усвои пакет мерки за долгорочно обезбедување на работна сила во туристичкиот сектор, една од најважните економски гранки во земјата, пренесува Fenix Magazin.
Министерката за труд и социјална грижа, Корина Шуман, изјави дека туризмот е најголемиот работодавач во Австрија, додавајќи дека новиот владин пакет опфаќа две клучни мерки:
- Основaње на Фонд за вработени во туризмот во износ од 6,5 милиони евра годишно, и
- Уредба за квоти за сезонски работници.
Државниот секретар за дерегулација, Сеп Шелхорн, соопшти дека Австрија ќе располага и со специјален контингент работна сила од земјите од Западен Балкан – Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија.
„Предноста на оваа мерка е што недостигот на работна сила ќе може однапред да се решава преку планирани контингенти,“ објасни Шелхорн.
Тој истакна дека зголемувањето на сезонските квоти на 5500 работници, како и воспоставувањето на посебен контингент за Западен Балкан од 2500 сезонци, се клучни мерки во владината програма.
Пријавувањето за овие работни места ќе биде можно од 1 ноември оваа година.
Извор: tportal.hr

