МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

АГОНИЈАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СКОПСКИ БЕТОН ПРОДОЛЖЕНА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ – синдикатот ги обвинува стечајниот управник и стечајната судијка

Од Сојузот на синдикатите на Македонија информираат дека денешното рочиште за постапката поведена од страна на вработените застапувани од Синдикатот за градежништво – СГИП при ССМ, е одложена за 17 јануари 2023 година од страна на стечајната судијка Сашка Трајковска на барање на привремениот стечаен управник Ацо Петров поради тоа што истиот заради обемноста на документацијата и големината на должникот Бетон АД Скопје побарал дополнителен период за изготвување на Извештајот за економско финансиската состојба за утврдување на причините за отварање на стечајна постапка.

„Интересот за денешното рочиште беше огромен, а работниците и повеќе од 50 претставници на други доверители излегоа разочарани од судницата поради одложувањето на рочиштето и поради тоа што судот на ваков начин дозволува работниците да бидат без никакви примања до јануари 2023 година и работодавачот во тој период да продолжи да не исплаќа плати кои до рочиштето ќе изнесуваат повеќе од 8 неисплатени плати, здравствено и пензиско осигурување“, се вели во соопштението од Синдикатот.

Според Синдикатот, „на судијката Трајковска и пречи тоа што синдикатите ги застапуваат работниците и тоа што не дозволуваат несовесните работодавачи да ги оставаат без парче леб работниците, а на истата не и претставува проблем што работниците се без егзистенција повеќе од 6 месеци до денешното рочиште, туку и пречи што синдикатот цврсто ги претставува и застапува работнциите што е и негова законска обврска“.

„Денеска, работниците и останатите доверители имаат уште помалку верба во судството кое поради ваквите случаи има доверба од само 6 отсто кај народот и работниците, а после денешното рочиште, бројот на вработените за кои работодавачот нема платено плати, здравствено и пензиско осигурување, како и за другите вработените и доверителите во компаниите за  кои имаше преку 50 адвокати на рочиштето, довербата во судството е падната за најмалку 1 процентен поен и истата веќе не е ниту 5 проценти.

СГИП и ССМ се праашуваат дали стечајната судијка Трајковска имала сознанија дека привремениот стечаен управник Ацо Петров е поранешен вработен во Бетон АД Скопје и се сомневаат во пристрасноста на судот и на привремениот стечаен управник.

Ја повикуваме и Управата за јавни приходи со особено внимание да ги следи случувањата во Бетон АД Скопје поради тоа што работодавачот е познат поради тоа што исплаќал 100 денари плата или пола плата на работниците, а со случувањата во претпријатието потребно е да се позанимава и Управата за финансиска полиција“, се вели во соопштението од Синдикатот.