Азески со честитка до ново избраниот претседател на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелкоски
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, упати честитка до ново избраниот претседател на Сојузот на стопански комори, г-дин Трајан Ангелоски.
– Ја користам оваа прилика, во мое лично име и во име на Стопанската комора на Северна Македонија, да Ви честитам по повод изборот за нов претседател на Сојузот на стопански комори, и да Ви посакам успешна работа во наредниот период.
Се надевам дека како и досега така и во иднина нашата соработка ќе продолжи во насока на подобрување на состојбите во стопанството и создавање поволен бизнис амбиент.
Ви посакувам успех и многу стратешки одлуки. –

