Ампева: До крајот на 2020-та над 7.000 текстилни работници останаа на улица, се делат незаконски откази како во случајот во „Баргала“
„Бројот на отпуштени текстилни работнички до крајот на 2020-та беше некаде 7.000. а, за прекршување на работнички права водиме месечна и годишна евиденција и значи дека лани имаме опфатено од периодот од март од 2020-та до декември 2020-та имаме опфат на некои 8-9.000 работници. А, минатиот месец на пример опфативме со нашата помош 600-тини вработени, а овој месец некаде околу 200, а следниот месец бројката ќе биде многу поголема поради повторно откажувања на договорите како спогодбени“, истакна Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ во утринска емисија на Алфа телевизија.
Ампева додаде дека бројката на повредени права на работници од текстилната индустрија од 2017-тата година до денес е енормна станува број за илјадници и илјадници работници.
„Проблемот со фирмата „Баргала“ е веќе неколку години наназад. Значи ако порано можеше да се каже дека таа иста фирма пред 10-тина години вработуваше околу 1.500 работници, а денес остана на 300-тини. Така да протести или штрајкови како сакате наречете ги, се случуваат годините наназад секој месец. На ист ваков начин како што овие 100-тина работници добија отказ, лани се случи во септември со две работнички во исти услови, ист случај отказ поради кршење на некој си ред и дисциплина, значи тие добија отказ. Ние веќе имаме една пресуда од Основен суд Штип каде што се вели дека отказот е незаконски, бидејќи и останатите работници протестирале и си ги барале своите плати. Значи се работи за возрасни работници над 55 години“, појасни Ампева.
Ампева посочи дека Сојузот на синдикати на Македонија нема дојдено во Штип додека не се слушна преку медиуми за проблемот со текстилните работници.

