Бектеши: Утре ќе биде изгласан петтиот пакет мерки
Министерот Крешник Бектеши во емисијата 24 анализа објави дека утре најверојатно ќе биде изгласан законот за финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март и сите вработени во приватниот сектор да не потпишуваат бланко спогодбени договори со работодавачите зошто до 30ти април за двата месеци, март и февруари ќе бидат исплатени платите наеднаш.
„И тоа ќе се случи со одредените критериуми каде и тие што отпуштале треба да враќаат некој број.“ – вели Бектши.
Дополнителна мерка, министерот Бектеши рече дека ќе има нов пакет на мерки за угостителството, надвор од петиот пакет мерки. ќе се земат в предвид приходите кои ги пријавиле последните три месеци до моментот кога работеле и согласно тој просек, имајќи в предвид деновите кога се затворени со долука на владата, одреден процент ќе гопреземе владата како трошок и ќе им биде исплатен. паралелено со тоа може да добијат и финансиска поддршка за исплата на платите за вработените.
Бектеши инфромираше дека поминаа законите кои произлегуваат од петтиот сет на економски мерки, во комисијата за финансии и буџет откако биле блокирани од опозицијата и заради вакцинација на службениците денес нема да има седница.
„Пролонгиран е рокот за апликации до 30 април и работодавачите можат да аплицираат наеднаш за февруари и ли март. До крајот на април ќе биде прифатен амандманот од страна на министерството за финансии. – рече Бектеши.
Министерот рече дека има различни мерки кои се реализираат. Што се однесува до отуштањата, бектеши вели дека опозицијата вели дека се 60 000, и вистината е 18 300 изгубени работни места, вклучувајќи и тие што спогодбено ги изгубиле работните места.
Што се однесува со петтиот сет на економски мерки, тој вели дека не е предвдено само исплата на плата на работниците во одредени компании каде има намалување на прихофите, туку има и други мерки, бескаматни кредити за одредени таргетирани сектори.
„Во првите месеци од годинава имаме зголемување на приходите на државата, значи зголемување на економската активност, а ако има зголемување на данокот на доход значи дека имаме зголемување на плати или нови вработувања.“ – вели Бектеши.

