Поради се поголемиот број на обраќања до Гласен Текстилец од страна на работници, кои не се пријавени во Агенцијата за вработување и во задолжителното здравствено и социјално осигурување, ве информираме дека при засновање на работен однос должни сте да потпишете договор за вработување и од истиот задолжително да добиете примерок.
Доколку работниците немаат склучено договор и не се пријавени во Агенцијата за вработување и задолжителното социјално осигурување, државниот инспекторат за труд нема законска можност да задолжува да им се исплати плата и придонеси од плата, бидејќи затечените лица кои работат на црно немаат заснован работен однос согласно закон.
Доколку се сомневате дали имате склучено работен однос, иако имате потпишано договор, тоа може да го проверите во Агенцијата за вработување.