ССЕРИ до работниците од ФОД Новаци: Не ги потпишувате изјавите!
📌 Известување до работниците на СП ФОД ДООЕЛ НОВАЦИ,
Синдикалната организација на АД ЕЛЕМ ПРИ ССЕРИ, ги охрабрува работниците на СП ФОД ДООЕЛ НОВАЦИ, да не ги потпишуваат изјавите, кои ќе бидат искористени на нивна штета.
Со потпишување на тие изјави, ќе ви бидат наплатени лични средства, само заради суетност и незаконско работење потврдено со судска пресуда на работодавачот, кој спречува синдикално делување, работење и организирање.
Безрезервно Ви стоиме на располагање за секаква правна помош.
Со почит,
СО НА АД ЕЛЕМ ПРИ ССЕРИ
