Градоначалникот на Св. Николе ќе ги вработува отпуштените работници од „АД Мода“
Граоналачникот на Свети Николе од редовите на СДСМ Сашо Велковски објави на Фејсбук покана до работниците од „Мода“ на кои не им биле продолжени договорите в понеделник да се јават на состанок во општинската зграда за да се најде решение за новно повторно вработување. На состанокт ќе присуствувал и владин претставник.
Се известуваат поранешните вработени во АД Мода на кои не им се продолжени договорите за работа од 01.07.2021 да дојдат на договорен состанок во големата сала на општина Свети Николе на ден 19.07.2021 година (понеделник) во 14.00 часот со цел изнаоѓање на решение за нивно повторно вработување. На состанокот ќе присуствува советникот на премиерот за труд и социјална политка Милан Живковиќ, пишува Велковски во соопштението не наведувајќи дали отпуштените работници ќе се вратат во „Мода“ или ќе се бара друго решение.
Повеќе на Република.мк

