Светот на работникот

Д-р Лазаров: Бараме итно пацинетите административно да се врзуваат за здравствената установа, во спротивно ќе мораме да затвораме ординации

Фејсбук статус на Д-р Ненад Лазаров, Претседател на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари:

ЈАВЕН АПЕЛ
Почитувана јавност,
Кога матичен лекар си заминува од една ординација, пациентите автоматски остануваат без избран лекар а на ординацијата не и се исплаќа капитација за тие пациенти иако во истата ординација има активен лекарски тим кој им е достапен и кај кој ќе се јават при прва потреба.
Освен што е неправедно, претставува и причина за затварање на ординации бидејќи финансиската штета е неиздржлива,требаат месеци да се преевидентираат пациентите.
Затоа бараме итно да се промени ова правило и пациентите административно да се врзуваат со здравствената установа во која ќе можеме непречено и без пречки да ангажираме колеги, бидејќи се поизразен т.е. алармантен е дефицит на лекари и се помал е интересот за работа во примарно здравство што не води кон колапс на истото.
Во спротивно, ќе мораме да затвораме ординации, не само како знак на протест туку и заради неодржливост на истите.
Веќе 10 години се борам на моите пациенти да им обезбедам континуитет во здравствената заштита, но веќе е неизводливо, помогнете ни да ви помогнеме!