ДАЛИ БИ ГИ РАБОТЕЛЕ? Најодвратни, но најплатени работи
Постојат работи кои повеќето луѓе ги избегнуваат поради непријатноста или опасноста со кои се соочуваат. Сепак, и покрај тоа, некои од овие работи нудат солидна плата.
На „Редит“ неодамна беше отворена дискусија во која корисниците дискутираа за „најодвратните, но добро платени работи“ и ги споделија своите искуства. Авторот на објавата наведе примери како работа со починати лица или чистење на мобилни тоалети, но дискусијата покажа дека реалноста не е секогаш онаква каква што изгледа.
Работи што ги одбиваат сите
Многумина истакнаа дека чистењето мобилни тоалети ретко е добро платено. Еден корисник напиша дека „се лажете ако мислите дека тоа е високо платена работа“. Други, пак, наведоа дека во одредени земји или специфични околности, платите навистина знаат да бидат високи, но тоа се ретки примери.
Посебно внимание привлече работата на погребниците. Корисниците опишуваа сцени од секојдневието – од ископување гробови и носење починати, до чистење тешки последици по сообраќајни несреќи. „Пријател работеше како погребник за околу 800-900 евра. Кумот ми прави ковчези, ископува гробови, собира тела. Еднаш мораше со шпатулa да стружи остатоци од таван, а друг пат нашле починат човек по две недели во лето – тоа не се заборава,“ сподели еден од нив.
Трауматични искуства
Многу сведоштва укажуваат дека ваквите професии оставаат трауми. „Сообраќајните несреќи се најлоши. Роднина ми работи тоа – еднаш главата на возач била најдена на задното седиште,“ напиша друг.
Корисници истакнаа и дека слични трауматични искуства имаат пожарникарите и вработените во шлеп-службите. „Овие луѓе гледаат страшни работи, а не секогаш се подготвени за тоа,“ наведоа тие.
Други „одвратни“ работи
Некои споделија дека собирањето картон и пластика за трговски ланци, иако бара рано станување, носи плата од околу 1.500 евра, плус возило за користење. Други пак раскажуваа за искуства во кланици и кафилерии, каде смрдеата и нечистотијата биле „немерливо полоши“.
На крај, повеќе учесници се согласија дека чистењето септички јами исто така е екстремно непријатна, но доста платена работа.
И покрај тоа што овие професии носат солидни плати, заклучокот е јасен – малкумина се подготвени да ги работат, токму поради екстремната непријатност и психолошкиот товар што го носат.
Извор: bizportal.rs

