Дали технологијата ќе остане на централно место на новите пост-пандемски работни места?
Дали технологијата ќе остане на централно место на новите пост-пандемски работни места?
Голема е веројатноста дека технологијата која ја користевме за работа од дома за време на рестрикциите за спречување на ширењето на новиот коронавирус ќе продолжиме да ја користиме и по враќање на работните места. Голем број фирми веќе им овозможуваат на вработените хибриден начин на работа, односно да изберат дали ќе работат од далечина или со физичко присуство. Салите за состаноци беа заменети со состаноци на Зум кои менаџерите сѐ почесто ги избираат и покрај тоа што имаат можност да одржат состаноци со физичко присуство. Се зголеми користењето на т.н. четботови, главно во одделите за поддршка на
корисници или каква било онлајн помош за купување, услуги, итн. Дополнително на ова, и со оглед на тоа што Ковид-19 се уште е присутен и важат мерки за спречување на ширењето, иако многу полабави од претходно, така што би продолжило и користењето апликации за следење на контакти со цел навремено да се детектира можен контакт на вработен со лице кои има симптоми на Ковид-19 односно е позитивно.
Наспроти ваквите можности, не смее да се занемари фактот дека треба да се почитува приватноста на вработените, но и да се води сметка за запазување на работното време со цел да можат да го избалансираат личниот со професионалниот живот и да се избегне потенцијалното „согорување“ на работникот на работното место.
Тимот на Јуридика

