Демант на Адвокатата Даница Милкова на изјавата на претседателот на Кавадаречкиот суд
Демант на Даница Милкова на изјавата на Претседателот на судот во Кавадарци:
Судот во Кавадарци –повторно се обидува вината за донесената пресуда да ја префрли на работниците и адвокатот изнесува невистини дека истите биле изманипулирани.
Тужбата на 69 текстилните работници се однесува за исплата на неисплатени 3 месечни нето плати, придонеси од плата и ,надоместок на плата за прекувремена работа кои беа утврдени со два Вешти наоди и мислења и Усогласени Вешти наоди и мислења од Вештите лица од областа на материјалното, сметководствено и финансиско работење а предложени од страна и на тужените и тужителките и барање за наплата на ова утврдено и стасано парично побарување во износ од 9.633.158 денари од отпишаниот – заем од 10.868,008 денари на сестринската фирма на должникот.
Претседателот кажува дека ОЈО ги упатувало работниците да тужат а тие не тужеле, па како тогаш Претседателот кажува дека имало Одлука од ОЈО, има Одлука од истиот суд на кој тој е претседател -по однос на Привремената мерка ако не тужеле?
Навремено се поднесени и тужби и Пријави до ОЈО, но се донесоа Одлуки кој се на видна штета на работниците и заштита на газдите.
Претседателот тврди дека паричното побарување на тужителите – му било застарено, а истото тоа тужбено барање е во судска постапка(жалбена постапка) –па како застарело? Претседателот видно ја извртува фактичката состојаба –и иако му е добро познат овој основ и член од Законот.
Имено ако Претседателот тврди дека е на страната на правдата – Зошто не одговори на писменото и своерачни Барања на тужителките, а особено зошто одлучи негативно по поднесеното Барање за изземање на предметниот судијата – која недолично и со омаловажување се однесуваше спрема тужителките на рочиштето од 28.10.2022 година – но истиот застана во заштита на судијата и не ја иззема од постапката..
Истиот тој судија кој кажува за Решението на ОЈО Кавадарци, за Решението на Основен суд Кавадрци со кое се одбива предложената Привремена мерка за заштита на побарувањата на тужителите – вели дека сите Одлуки биле против работниците
Точно е дека до ОЈО Кавадарци беа поднесени неколку Кривични пријави од работниците во март месец 2020 година –против фирмата Должник- поради основано сомнение за сторени кривични дела: Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.1 од КЗ, повреда на правата од работен однос чл.166 став 1, повреда на правата од социјално осигурување чл.167 став 1,, оштетување или повластување на доверители чл.257 од КЗ, но
-ОЈО Кавадарци донесе Решение со кое се отфрлат Кривичните Пријави, и дека пријавените кривични дела не биле кривични дела за кои се гонело по службена должност.
Во Образложението на Решението се наведува дека во предистражната постапка било изготвен Вешт наод и мислење од вешто лице и од Вештачењето јасно се потврдувало според ОЈО тужителите имаат неисплатени плати, но сепак за ОЈО немало кривично дело.
-Точно е дека со тужбата се поднесе и Предлог за донесување и одобрување на Привремена мерка на недвижен имот на должникот -но истиот судија донесе Решение – со кој Предлогот беше одбиен на доверителите.
Во тек е припрема на Жалба на наведената Пресуда до Апелациониот суд –преку Основен суд Кавадарци и се надеваме дека повисокиот суд ќе ги занемари притисоците и желбите на било кој и од било кој и правилно ќе се произнесе по Жалбата на 69 работници.

