Димитров: На долг рок, штрајкот може негативно да се одрази врз стопанството
Деветти ден од штрајкот, а се‘ уште нема договор помеѓу СОНК и Владата. Понудата од 10 % којашто беше ставена на маса од страна на Владата, СОНК два пати ја одби, потенцирајќи дека 95 % од нивното членство гласало против прифаќањето на истата. Од Владата велат дека наставата и преговорите треба да продолжат.
Сепак, штрајкот отвора и друго прашање, а тоа е како истиот може да се одрази врз стопанството.
Претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров вели дека на долг рок штрајкот би можел да има негативно влијание врз стопанството.
Генералениот штрајк во образованието може да предизвика негативни последици по образованието на децата насекаде па и кај нас. За нас е уште поважно што деновиве ги гледаме резултатите од ПИСА тестирањето каде нашите ученици се на дното на табелата по знаење, вели Димитров.
Човечкиот капитал, вели Димитров, кој подразбира знаење, вештини и способности да се заврши некоја работа е од огромно значаење на секоја земја.
Според Индекост на човечки капитал кој го објавува Светска банка, објаснува, тој во Македонија во 2020 година пораснал на 0,56, а во 2010 изнесувал само 0,54. Во развиените земји овој индекс изнесува од 0,70 до 0,80, што значи дека нашите деца кога ќе пораснат ќе остварат само 56 % од својата продуктивност, најмногу заради лошото образование.
Димитров смета дека треба да се залагаме за реформи во образованието коишто би го подобриле квалитетот на истото.
Покрај долгорочните последици, вели тој, можни се и моментални проблеми со штрајкот во градинките, притоа вели дека досега не слушнал некој работник да се пожалил дека детето не му е примено во градинка.

