ПравдаСветот на работникот

ДИТ: Ако работодавачот ја плати казната во рок од 8 дена, таа ќе изнесува 50% од целосната сума

Од ДИТ велат дека најмногу несреќи при работа во 2021 година имало во преработувачката индустрија и градежништвото. 

Казните за работодавачите се движат од 150 па до 3,000 евра

Од 200 евра до 3,000 евра. Толку се движат казните за правните лица, во случај да се утврди прекршување на Законот за безбедност и здравје при работа. Толку ќе платат  казна, доколку некој вработен се повреди или погине на работното место. Од 150 до 500 евра се голбите за одговорните лица во првните лица. А, 250 евра е глобата за работодавач – физичко лице. 

Овие глоби се содржани во членовите 55, 56 и 57 од Законот за безбедност и здравје при работа. Од Државниот инспекторат за труд за порталот „Работник“, рекоа дека доколку работодавачот ја плати казната во рок од 8 дена, тогаш таа ќе изнесува 50 % од износот. 

Значи, доколку казната е 200 евра, работодавачот, чиј работник доживеал несреќа при работа, ќе плати само 100 евра казна. 

Оваа постапка, велат од ДИТ дека е согласно Законот за прекрошци и истата се нарекува постапка за порамнување. 

Оваа постапка е согласно Законот за прекршоци и истата се нарекува постапка за порамнување. Доколку глобата не се плати во рок од 8 дена по приемот на платните налози, инспекторите ја продолжуваат прекршочната постапка пред надлежен орган (Прекршочна комисија на МТСП или надлежен суд), велат од Инспекторатот.

Во 2021 година биле поднесени 15 прекршочни пријави од Државниот инспекорат за труд

Во 2021 година биле издадени вкупно 318 платни налози за утврдени неправилности од областа на безбедност и здравје при работа. 

Истата година биле поднесени 15 прекршочни пријави за 15 работодавачи до надлежните органи. 

Во 2021 година, 15 работодавачи не ја платиле предвидената глоба согласно Законот за безбедност и здравје при работа во рок од 8 дена. Против нив се поднесени 15 прекршочни пријави до надлежните органи, велат од ДИТ.

Доколку при инспекциските надзори се утврди кривична одговорност во однос на неспроведени мерки за безбедност и здравје при работа, кои предизвикале потешки последици по животот и здравјето на работниците, инспекторите поднесуваат барања за поведување на кривични постапки до Основното јавно обвинителство, ни кажаа од ДИТ. 

Ги прашавме и во кои сектори најмногу имало несреќи при работа во 2021 година. 

Преработувачката индустрија, градежништвото, дејностите на здравствена и социјална заштита, рударство и вадење на камен итн. Ова се дејностите каде што имало најмногу несреќи при работа минатата година, одговорија од Државниот инспекторат за труд. 

Најмногу несреќи со смртен исход имало во градежништвото, истакнаа од ДИТ. 

Која е постапката за вршење на инспекциски надзор?

Известувањето за несреќа при работа работодавачите треба да го достават до Државниот инспекторат за труд веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот.

Инспекторот на трудот врши увид на местото на настанот. Потоа бара соодветна документација која се однесува на безбедноста и здравјето при работа од страна на работодавачот.

Зема изјави од повредениот, очевидците, ако е потребно бара и интерен записник од работодавачот за настанот и на крајот составува записник во кој ја нотира фактичката состојба во однос на целокупните доказни материјали.

Од тој записник може да произлезат одредени инспекциски мерки согласно Законот за безбедност и здравје при работа, објаснија од ДИТ.

Она на што постојано наоѓаат замерка синдикатите и граѓанските здруженија е висината на казните за работодавачите кои не преземаат мерки за заштита на работниците. 

За споредба, за направено дело коешто не предизвикува опасна штета, казните изнесуваат приближно колку и за непочитување на Законот за безбедност и здравје при работа. А непочитувањето на овој закон може да предизвика човечки жртви. 

 

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk